ЗАБАВА

Графитите како уметнички израз


Нема град во светот кој не е исцртан со графити. Но што се всушност тие и од кога датираат? Оваа уметничка форма носи корени на Античка Грција и Римската Империја.

За некого графитите се уметност,за други пак, графитите се форма на уметност која вреди да биде изложена во галерии и изложби. Има многу видови и стилови на графити и тоа е форма на уметност која брзо се развива и чија вредност е многу оспорувана.Сегашните графити потекнуваат од Хип-Хоп Културата.

Инаку поимот графити се однесува на натписи, слики, цртежи пронајдени на ѕидовите на древните гробници или руини, како на пример во Катакомбите во Рим или во Помпеја. Употребата на зборот се проширила и опфаќа било какви графики применети на површини на начин кој претставува вандализам. Единствениот познат извор на Сафаити јазикот, форма на праарапски, е од графитите; натписи изгребани на површината на камења и карпи главно во басалтската пустина во јужна Сирија, источен Јордан и северна Саудиска Арабија.

Графитите во поново време се појавиле на железнички товарни вагони. Оној со најдолга историја, кој датира дури од 1920-тите, а постои и денес е Бозо Тексино. Уште еден графит напишан за време на Втората светска војна била напишана фразата „Килрој беше овде“ .. Познат графит од 20-тиот век е и натписот во подземната железница во Лондон „Клептон е Господ“.

Лименка со боја, честа алатка за модерните графити. Во Америка во доцните 1960-ти графитите служеле како начин за изразување на политичките активисти.Со популарноста и легитимизирањето на графитите се дошло до некое ниво на комерцијализација. Во 2001 година, компјутерскиот гигант IBM започнал рекламна кампања во Чикаго и Сан Франциско во која биле вклучени луѓе кои на тротоарите со спреј го насликале симболот на мирот, срце и пингвин (симболот на Linux) и значат „Мир, Љубов и Linux.“ Меѓутоа поради неправилностите некои улични уметници биле уапсени и обвинети за вандализам, а IBM биле казнети со повеќе од 120,000 долари за оштета и трошоци за чистење.

Некои од најчестите стилови на графити ги имаат нивните сопствени имиња. Ознаката е најосновниот начин на пишување на името на уметникот дали со спреј или маркер. Ознаката на графитистот е негов или нејзин личен потпис. Ознаките може да содржат скриени и понекогаш тајни пораки, а може да ги содржат и иницијалите на уметникот или други букви.

Како и да е, убавината на графитите е уникатна и безвременска, а ние ја забележуваме насекаде околу нас. На овој тип уметници само им требаат чисти ѕидови за слободно да ја изразат својата уметничка страна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button