ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани чекаат во редици да се потпишат во книгата на жалост поставена на плоштадот во Кочани

Тага и молк владее денеска во Кочани, градот што вчера го погоди страшна трагедија во која животот го загубија 59 млади лица.

Advertisements

Сите се вознемирени и не сакаат да разговараат за вчерашниот пожар.

Патот до таканаречената дискотека сè уште е непристапен. Пеплосаниот објект е опколен со полициски ленти и го чуваат полицајци.

Граѓаните чекаат во редици да се потпишат во книгата на жалост поставена на плоштадот. Се палат свеќи и се упатуваат молитви за повредените.

За денеска во 13 часот најавен е протест во Градскиот парк во Кочани.

Градоначалникот на Кочани, по трагедијата која го погоди градот, денеска си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button