Граѓани на протестираа пред Министерството за правда

Стотици граѓани протестираа пред Министерството за правда. Тие в раце ги држеа решенијата од извршителите, чии долгови се намножија и по стапувањето во сила на законот за буџетско ограничување на обврските. Дел од нив ја блокираа вратата на министерот за правда Кренар Лога и ги расфрлаа писмените барања за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застареност на долговите. Велат дека извршители ги ограбиле сиромашните и задолжените граѓани, без да се грижат за правосилноста на законот или од судовите.
Според нив, измените на Законот за облигациони односи од страна на извршителите, кои се однесуваат на застареност на долговите, не се спроведуваат и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и беа објавени во Службен весник пред повеќе од седум месеци. Во меѓувреме и Уставниот суд ја потврди уставноста на законот во јануари 2024 година, а законодвно-правната комисија во Собранието утврди дека не е потребно автентично толкување на законот. Според организаторите, над 220.000 банкарски сметки се блокирани од страна на извршители за стари долгови, дури и постари од 10 години.
Аднан Ќаили