Граѓани најавуваат тужби против државата поради документите
Граѓани најавуваат тужби против државата поради документите

Министерството за внатрешни работи во последен момент соопшти дека од 13 февруари возачките дозволи ќе бидат неважечки и за внатрешна употреба. Граѓаните се револтирани. Велат дека мора да најдат други алтернативи за извршување на секојдневните задачи, а дел од нив најавуваат тужби против државата.
Голем е револтот на возачите, не само во Скопје, туку и во Тетово и другите градови.
„Не ја сменив дозволата. Ова не треба да се случува, но кај нас сè е наопаку. Од утре нема да одиме на работа, точка. Никој не се грижи за нас, државата мора да ни помогне“, рече еден возач.
„Јас ја сменив. Лошо е без работа не се седи, но законот е закон, треба да се сменат… тоа е тоа“, нагласи друг возач.
„Не, не, не можев да завршам работата, втор пат доаѓам. Сега ми велат да дојдам во седум наутро. Имам 74 години, не може да стојам на нозе, не можам да издржам“, додаде друг возач.
„Од сабајле чекам, едвај завршив работа, сега последен, заминувам. Чекав пет часа. Треба да има повеќе шалтери, видете како е. Има болни со деца, не можат да издржат“, изјави еден возач.
„Мора да се продолжи рокот додека не ги размениме документите. Државата не работела како што треба, мора да даде рок“, рече Граѓани најавуваат тужби против државата поради документите.
Министерството за внатрешни работи доцна синоќа преку соопштение упати апел до граѓаните да не возат доколку немаат дозвола со новото име и оти во случај на сообраќајна незгода последиците од штетата ќе ги сносат самите возачи кои управувале, а не осигурителните друштва. Ова соопштение доаѓа и покрај тоа што претходно со месеци МВР тврдеше дека дозволите ќе важат за внатрешна употреба./Алсат.мк
Авни Тахири