Граѓани: Не се чувствуваме безбедно по двојното убиство

Пресметката меѓу различни групи во локали може да повреди и невини луѓе, што ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните. По убиството синоќа, дел од граѓаните велат дека не се чувствуваат безбедно.
„Безбедноста е под ниво, жално е ама срам е што се случи, но нема што да правиме, тоа е. Не е случајно што државата е испразнета, пред сè, сакам да ја истакнам безбедноста граѓаните не се чувствуваат безбедно…“
„Младите се убиваат, не е добро… Нема безбедност, нема безбедност“, велат граѓаните.
Некои граѓани велат дека додека не се вклучени во проблеми, не се чувствуваат загрозени.
„Сигурни сме… Ги знаеме луѓето, не треба да ја преовеличиме таа работа, тоа се случуваат насекаде ……“, велат дел од анкетираните граѓани.
Додека остатокот одбива да признае дека тоа се случило во Сскопската чаршија, истакнувајќи дека просториите каде се случил последниот инцидент не се дел од чаршијата.
“Не се случи во чаршија, тоа е под Кале .. само да ја извалкаат чаршијата .. Се чувствувам многу удобно, ние сме многу добро, немаме проблеми”, вели еден граѓанин.
Вчерашното двјно убиство не беше прво. Криминални групи, со огнено оружје ги расчистуваа своите сметки и во 2019 и во 2021 година.
Ајнур Бафќари