Граѓани: Очекуваме да се скрати долгото чекање за влез во Косово
Граѓани: Очекуваме да се скрати долгото чекање за влез во Косово

Граѓаните на двете земји го поздравуваат воведувањето на „Едношалтерскиот систем“ на граничниот премин во Блаце и се надеваат дека со тоа ќе заврши долгото чекање од повеќе од еден час за влез во Косово. Од оние кои ги сретнавме на граница, рекоа дека често патуваат, а имало случаи и кога се вратиле дома поради долгите колони.
“Имало многу, особено тука од наша страна, имало. Многу чекавме. Понекогаш не ни тргнуваме поради чекањето на границата, но фала му на Бога што сега е направено добро” – граѓанин.
“За нас тоа е нешто добро, нормално помалку контроли, помалку чекање” – граѓанин.
“Да, верувам дека ќе биде големо олеснување, да не застануваме на два премина, туку да продолжиме побрзо и да продолжиме на другата страна во Македонија” – граѓанин.
Само во март годинава над 160.000 граѓани на Северна Македонија влегле и излегле на граничниот премин Блаце. На годишно ниво, претходната 2024 година, над пет милиони луѓе преминале на трите гранични премини кај Блаце, Јажинце и Белановце.