
Поскапеа зејтинот, детергентите, млекото, брашното. Рекоа ќе ги намалат цените пред нова година? Ништо. Ретки се оние маркети кои имаат намалени цени“.
Наместо да се намалуваат, цените поскапеа пред новогодишните празници. Не можеме ни да купиме пакетчиња со подароци на децата. Ова се изјавите на двајца повозрасни граѓани, кои се жалат дека пред крајот на годината поскапеле сите производите.
„Цените не се намалени. Има некои, но ретки. Ги креваат цените, сето тоа е лажно…
„Тешко за нас сиромашните. Имаат добри плати и не се грижат за нас. Кој трпи трпи, кој има – има, кој нема воопшто нема“…
„Да ја кажеме вистината, производите поскапеа за 20 до 30%. Прехранбените производи поскапуваат, а човек со ниска пензија не може ништо“, реагираат граѓаните.
Министерот за економија Бесар Дурмиши во интервју за АЛСАТ рече дека инспекторите го констатирале она што го тврдат граѓаните, дека се поскапени производите кои не биле вклучени во новогодишната кошничка и најави дека ќе се преземат поригорозни мерки.
„Информациите што ни дојдоа од секторот што ги пресметува и анализира цените на основните производи се дека дека цените на оние артикли што не биле ставени во новогодишната кошничка, драстично се зголемени. Производите кои не се ставени во новогодишната корпа се зголемени за 20 до 30%… Ќе ги замрзнеме цените или ќе ја ограничиме маржата исто како што направивме со есенската кошница каде што имавме 73 групи артикли, околу 350 артикли за кои ќе ги замрзнеме цените“, рече Дурмиши.
Што се однесува до зголемените контроли на пазарите и казните за оние кои нема да го почитуваат замрзнувањето на цените кое ќе стапи на сила пред Нова година, Дурмиши најави дека казните ќе се движат од илјада до 10 илјади евра.
Авни Тахири