ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани загрижени за безбедноста додека се возат со ЈСП

Синоќа се појавија слики со натписи дека гори автобус на ЈСП на улица „Џон Кенеди“ во Чаир. Оваа компанија ја демантира информацијата објавена во јавноста дека синоќа изгорел автобус, појаснувајќи дека се работи за пареа, а не чад, признавајќи дека  сепак автобусот имал дефект. Граѓаните велат дека се загрижени за безбедноста додека патуваат со расипани автобуси на ЈСП.

Advertisements

Снимки и поплаки за лошата состојба на автобусите на ЈСП речиси секојдневно се  пријавуваат.

Последната интервенција на скопските пожарникари за гаснење на пожарово автобус на ЈСП беше пред околу еден месец. За состојбата со автобусите  новиот директор рече дека ЈСП во моментов има недостиг од 40-50 автобуси.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button