ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните чекаат со месеци да го добијат новиот пасош

Граѓаните чекаат со месеци да го добијат новиот пасош

Пасошите со старото име на државата од денеска се неважечки. Граѓаните за патување во странство мора да имаат пасош со Северна Македонија. Но, покрај немањето термини, проблем останува и немањето примероци за оваа патна исправа. Граѓаните кои аплицирале велат дека чекаат еден или повеќе месеци за да го добијат пасошот.

Advertisements

Министерот Панче Тошковски признава дека недостигаат примероци. Според него, во моментов има само 5.000 примероци на македонски јазик и околу 10.000 на албански јазик. Тој вели дека до крајот на месецов треба да пристигнат околу 250.000 примероци. Според техничкиот министер за внатрешни работи, околу 650.000 граѓани немаат пасоши со новото име на државата./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button