ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните до Груби: Не е избран да седи во лускузна канцеларија додека народот осиромашува

Додека народот се мачи за леб, министрите живеат луксузен живот. Вака граѓаните го коментираат видеото што го објави вицепремиерот Артан Груби, на кое се гледаат министри од ДУИ како играат фудбал во кабинетот на Груби. Граѓаните велат дека додека многу населени места се без спортски сали, а многу граѓани немаат што да јадат, министрите се луксузираат со парите на граѓаните.

Advertisements

„Само едно можам да им кажам, нека видат каде нема спортско игралиште, нека изградат. Арачиново со 25 илјади жители е без стадион, а тие се шегуваат низ парламентот и играат фудбал, за мене ова не е во ред… Нека одат да ги видат албанските села каде што нема стадиони, нека направат сали па потоа нека излезат да си играат. Знаеме и од каде доаѓа сиромаштијата“…

„Не работат како што треба, само манипулираат и мамат пред избори. На крај, граѓанинот е излажан и измамен, затоа дојде време да се бега во Европа за работа“, рекоа граѓаните.

Граѓаните велат дека политичарите треба да бидат во служба на народот, а не да седат во лускузни канцеларии. Тие велат дека министрите треба да имаат добри услови за работа, но да не ги трошат парите на граѓаните на луксуз, кога секој ден сиромаштијата кај нас се зголемува.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button