Граѓаните дома или на кратко патување за продолжените викенди
Граѓаните дома или на кратко патување за продолжените викенди

Оние кои решија неработните денови да ги поминат на море, прва дестинација им е Грција. Пресметките на туристичките работници велат дека полупансион во хотел за четири дена на Егејското море се движи од 350 до 500 евра. Нешто поевтино е во апартманското сместување. Помал дел од граѓаните решаваат да заминат и за Црна Гора, Србија и Албанија.
„Клиентите кои најмногу ги имаме се на некоја средна граница, од 30 до 50 години возраст. И за ваквите продолжени викенди најчесто се парови, а помалку се барањата од страна на фамилии. Фамилиите најчесто имаат барања за хотелите во Грција, но сега има помалку од таков тип“, рече Ана Марија претседател на Комората на туристички агенции.
Најголемиот дел пак, од оние кои ги анкетираше Алсат велат дека за празниците ќе останат дома.
„Јас лично нема да одам никаде“, рече еден граѓанин.
„Мора малку да се прошета, не може само со седење на едно место“, додаде друг.
„Па, еден ден сигурно ќе се шета. Во Преспа ќе одам“, нагласи друг граѓанин.
Од туристичката агенција Аурора турс велат дека сè повеќе граѓани се одлучуваат да одат на крстарење или на друг вид на организирана групна екскурзија. Од групните патувања годинава се издвојува интересот за Јордан.
„Посетуваме едно од светските чуда, а тоа е Петра кое е нешто фантастично да се види, да се доживее. Сè што има во нашата програма сè се посетува, а многу популарно кај патниците е спиењето во пустина, којашто е под заштита на УНЕСКО“, изјави Благица Костовска, „Аурора Турс“.
За разлика од претходните години, туристички работници велат дека граѓаните за ова лето почнале многу порано да ги прават плановите и да резервираат апартмани или хотели на некоја од туристичките дестинации./Алсат.мк
Иле Петревски