ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Граѓаните доставиле 2600 поплаки до Организацијата на потрошувачи

За една година над 2.600 поплаки биле доставени од страна на граѓаните до Организацијата на потрошувачи. Граѓаните најмногу се жалат за купени неисправни производи, високи сметки за електрична енергија, но и за ненамелените цени на производите по намаленото ДДВ- за прехранбените производи. Иако трговците имаат рок уште два дена да ги усогласат фискалните каси со нула ДДВ- за овие производи граѓаните веќе се јавуваат во Организација.

Advertisements

„Граѓаните се жалат и се јавуваат кај нас бидејќи не можат да знаат дали навистина ДДВ е 0. Се очекува промена на фискалните каси за да може на сметката што ја добиваат да го проверат тоа и да видат дали данокот е нула. Она што е значајно е дека производите имаат одрдена декларација која што не е читлива не можат луѓето да прочитаат што пишува и кој се нутритивните својства на производот, и тука имаме исто така многу проблеми“, рече Маријана Лончар Велкова-претседател на Организација на потрошувачите на Македонија.

Околу 10 проценти од поплаките на граѓаните се за производи купени онлјан. Продажбата на социјалните мрежи на нерегистрирани трговци се зголемува а со тоа и злоупотребите кон граѓаните.

„Во подем е нелегалната Фејсбук продажба, секојдневно потрошувачите купуваат и се случува тие да се измамени од онлјан трговци бидејќи не добиваат фикални сметки ниту фактури. Апелираме до потрошувачите да внимаваат од каде купуваат, кога плаќаат со картички или кеш, да не добијат оштетен прозводи или да добијат производ како што не нарачале“, рече Мартина Грнчаровска- Организација на потрошувачи.

Поплаки граѓаните имале и за купените уреди за домаќинство и за мобилните телефони во делот кој е надлежен да го сервисира, и дали вината за расипаниот уред е вина на купувачот или на продавачот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button