Граѓаните гневни поради последните криминални случаи во земјава

По новите случаи на криминал во државава, граѓаните велат дека уште повеќе ја губат довербата во институциите и надежта за подобра иднина. Тие обвинуваат дека самите државни институции се корумпирани и не очекуваат промена на состојбата во блиска иднина.
„Добро е што ги затвораат, но тие што ги затвораат самите се корумпирани. Системот не функционира. Ако не функционира системот во една држава, ништо не функционира“.
„Ги ослободуваат луѓето со дела и казни од по 15 години, краделе милијарди, ги малтретираат оние кои се принудени да направат нешто, додека оние кои се мултимилионери слободно шетаат. Кога ќе се среди државата? Кога ќе ги избркаме крадците, народот да се ослободи од крадците и да дојде нова генерација која е добра и животот да продолжи поубаво, а не вака…“
„Со овие функционери, со овие владини функционери, со овие политичари никогаш. 64 години надеж, но пред мене се и другите“, рекоа анкетираните граѓани.
Мефаил Исмаили