
За да поставите клима уред, мора да чекате на ред. А, токму во оваа жештина, она што најмалку ви треба е да чекате за уред што освежува. Монтерите на клими велат дека монтираат по 10 клима-уреди дневно, но не можат навреме да одговоратна сите барања во текот на летото. Ги прашавме граѓаните кои ни рекоа дека не можат да чекаат да се сменат властите за да ги добијат ваучерите за инвертер, па тие сами ги купиле со заштедата за да се справат со жешките горештини.
Министерството за економија и труд ги доведе во прашање двата јавни повици за инвертер клима уреди и ваучери за туризам и сега се во дискусија од кој буџет да се платат, со оглед на тоа што од ова министерство беа одвоени секторот за енергетика и туризам. Овие доцнења предизвикаа нервоза кај 20 илјади граѓани кои аплицирале, а клими требаше да добијат само 8.000 од нив. Министерот Дурмиши рече дека се треба да се преиспита.
„Јавниот оглас беше од секторот за енергетика, кој беше во рамките на Министерството за економија, додека документите ги процесуираше и обработуваше секторот за туризам или други. Се соочивме со такви пропусти што вообичаено е потребно да се прегледаат сите документи за аплицирање и формата во која се процесуирани. Ќе видиме што ќе правиме понатаму со тие случаи, кои ги најдовме и видовме индикации за такви злоупотреби“, рече Дурмиши.
Сепак, сè уште не е познато кога ваучерите ќе бидат подигнати или дали ќе се откажат. На пленарна седница беше функционализирано новото Министерство за енергетика и беа укинати Агенцијата за енергетика и Управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати. Надлежностите и вработените во Агенцијата за енергетика ќе бидат префрлени во новото Министерство, додека надлежностите на Управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќеги преземе новото Министерство за енергетика и директорот на Агенцијата. Со предложените закони, надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини кои претходно во Министерството за економија, сега се префрлаат на новото Министерство.
Аднан Ќаили