СВЕТ

Граѓаните на Истанбул поминаа уште една ноќ во парковите

Серијата земјотреси во Истанбул продолжи и денес, при што најсилниот беше со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала и регистриран во Истанбул, со епицентар во Бујукчекмеџе.

Advertisements

Серијата земјотреси започна во среда, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени во среда, а поради новите потреси, многу граѓани, загрижени за својата безбедност, ја поминаа синоќа надвор од своите домови, во паркови и места за пикник, во спортски сали и џамии, пишува „Сабах“, додавајќи дека, сепак, имало помалку од нив отколку претходната ноќ.

Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека благодарение на придонесот на долгогодишните напори за намалување на ризикот, земјотресот не предизвикал никакви структурни штети и немало човечки жртви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button