ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу мака си имаат со судството и со кршењето на човековите права

Најголемите жалби до Народниот правобранител се однесуваат на функционирањето на судството во земјава. Во извештајот на Народниот правобранител за 2019 година, презентиран во Собранието, се потенцира дека најмногу од жалбите се од потрошувачите, потоа за кршење на работничките права, но и за прекршување на човековите права во казнено-поправните установи. Претставникот на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска, вели дека во 2019 година имало голем број жалби за кршење на човековите права, односно на правата на децата, имотните права, урбанизмот и градежништвото, но и во заштитата на правата при полициско дејствување, пензиско и инвалидско осигурување. Бајрамовска наведува дека во Управниот суд утврдиле состојба на неразумно одолговлекување на постапките за горенаведените случаи.

Advertisements

Но, Управниот суд ги отфрла тврдењата на Народниот правобранител. Претседателот Бурим Сејдини вели дека не се точни информациите дека во фиоките на судот има предмети од 2017 година.

Тоа не е вистина. Имаме 4.128 нерешени случаи и имаме 1.524 жалби кои не се доставени до Вишиот управен суд. Тоа е реалноста заснована на официјални судски информации. Со влегувањето во сила на новиот закон за управни спорови во 25 мај 2020 година, времето за одлучување во Управниот суд е скратено и според Законот за управни спорови, секој предмет треба да се реши во рок од 12 месеци – изјави Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд.

Сејдини додава дека досега 60% од донесените пресуди биле во корист на граѓаните.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button