ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Граѓаните од Скопје се жалат на напумпани сметки за парно

Граѓаните од Скопје се жалат на напумпани сметки за парно

Скопјани овој месец плаќаат многу повеќе сметка за парно, а можеби и „паушално“ во однос на минатиот месец.

Advertisements

Во редакцијата на Алсат.мк, попладнево се пристигнати повеќе поплаки од граѓани на општините Карпош и Центар, во врска со сметките за месецот август од компанијата за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, која сега веќе е без лиценца БЕГ.

Граѓанинот од општина Карпош ги прати последните две сметки за градско парно. На овие фотографии може да се види дека за месец јули овој граѓанин ја платил сметката за парно 1.287 денари, додека за месец август 2.628 денари.

Друг граѓанин од општина Центар ја испратил сметката за месец август чија износ е 3.905 денари.

Оваа сценарио беше најавена уште од јуни, кога  на Балкан енерџи груп – БЕГ  му беше одземена лисенцата.

Регулаторна комисија за енергетика предупреди дека Владата мора што поскоро да го избере новиот оператор на јавен оглас и дека новиот оператор мора да биде избран за период не подолг од 90 дена од денот на приемот на известувањето. Дотогаш БЕГ продолжува со работа, а се чини дека тоа ќе оди на штета на граѓаните, бидејќи, како што се гледа, сметките ќе бидат напумпани./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button