ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните се сомневаат во вистинитоста на вестите

Дури 54% од граѓаните се сомневаат во секоја објавена вест, покажуваат резултатите од неодамнешното истражување на Институтот за комуникациски студии, посветено на дезинформациите и лажните вести. Во нивниот Извештај се додава дека 47% од испитаниците сметаат дека политичките партии се субјектите што најмногу шират дезинформации, а следни со 28% се медиумите. Истражувачи од Институтот велат дека властите во борбата со дезинформациите, треба да бидат уште потранспарентни.

Advertisements

„Нема или не сме детектирале ние, документ којшто се однесува на дезинформациите, ниту има, а ова второто загрижува, дефиниција за дезинформации“, вели Весна Шопар – истражувачка во ИКС.

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, потсетувајќи дека земјата има сè повисок индекс на активна транспарентност, кажа дека е веќе изготвено и Упатство со кое институциите ќе бидат задолжени да ги објавуваат сите информации, освен класифицираните и оние со лични податоци.

„Преку информација до Владата институциите ќе бидат задолжени да имаат обврска да ги објавуваат овие информации на нивните веб-страници. На овој начин информациите ќе бидат јавни, полесно достапни, односно доволна ќе биде само посета на официјалната веб-страница на конкретната институциите“, рече Славица Грковска – вицепремиер за добро владеење.

Од амбасадата на Велика Британија, која го спонзорира проектот за новинарство базирано на факти, велат дека е многу важно граѓаните да препознаат што е факт, а што фикција, особено во контекст на војната во Украина.

„Дезинформациите се во централно место на руската надворешна и безбедносна политика и нивните операции се насочени на ширење пропаганда и одвраќаат од критицизам, но и служат како изговор за домашни и надворешни воени активности. Непријателските држави, како што е и Русија, вообичаено ги користи технолошките платформи и социјалните мрежи за дезинформирање“, вели Ендру Бренд – амбасада на Велика Британија.

Инаку, истражувањето е спроведено на 1010 испитаници, преку телефонска анкета, во периодот од 17-ти до 25-ти октомври.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button