ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните се жалат на високите цени на производите

Граѓаните се жалат на високите цени на производите

Цените уриваат рекорди, високи се поради тоа што сме зависни од увоз, работничка класа едвај преживува, нас никој не не прашува – велат дел од граѓаните- кои ги прашавме дали пораснале цените на производите.

Advertisements

„Ќе се качат, кога никој не работи селата не работат и сакаме од господ, тоа се од увоз е, наши производи нема ништо. Откупот не се исплати, краставиците пример ако ги земаат 10-20 ги продаваат 60 и кој е ќар, поради тоа селата се напуштени поради тоа што никој не ги финансира“, рече еден граѓанин.

„За нашата класа е ништо, нас не не рачунаат како луѓе“, додаде друг граѓанин.

„Среќа што ми избегале синчињата, два сина, две снаи и четри вкуки надвор, ако не се они можеби и ќе нема што да јадеме, неблагодарни сме од државата наша“, нагласи друг граѓанин.

„Сите, сите се покачени, колку се покачени? На пример краставицата е само таа намалена, друго се е покачено на пет – шест денари на секој производ. За работничката класа, комшија имам му давам јас леб е така да знаеш. Тие што се на власт сите крадат и кому да му веруваме“, додаде друг граѓанин.

Со еден пазарџија со кој поразговаравме, вели дека цените на производите варираат од квалитетот на робата, но сепак како што вели зголемениот извоз на роба влијае на покачувањето на цените.

„Доматот, имаме разни домати од 70, 90, 100 и 120 највалитетниот, мора да има во него класи како секоја друга роба што има така и во овие работи има. Дали зголемениот извоз може да влијае на покачување на цените.? Може да влијае, меѓутоа има роба, Македонија има роба поради што се работи доста„, рече еден пазарџија.

Додека дел од пазарџите позади камерата на алсат ни рекоа дека цените растат поради тоа што во државата нема производство. Тие велат дека цените на земјоделските производи растат поради тоа што никој не работи земјоделство , додаваат семињата со текот на годините станале многу скапи а извозот за нашата земја бил многу низок. Велат додека нивните производи скапуваат нашата земја увезува, состојбата само се влошува.

И покрај овие податоци, од владата велат дека засега не е потребно носење на нови мерки бидејќи цените на храната не се зголемени./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button