Граѓаните се жалат на високите цени на производите и покрај мерките на Владата
Граѓаните се жалат на високите цени на производите и покрај мерките на Владата

Револтираните граѓани велат дека последните податоци за зголемувањето на минималната потрошувачка кошничка ги потврдуваат нивните поплаки дека нема намалување на цените на производите, додека мерките за наводно олеснување на состојбата се само измами.
„Велат намалени се цените, јас платив исто како што купив порано„, рече еден граѓанин.
– Сакаш да кажеш дека новогодишната кошничка нема ефект?
– Не, само лажат. За нова година добија само оние што продаваат. Вчера купив, речиси исто“, додаде тој.
Високите цени на производите го привлекоа вниманието и на иселениците, велат дека во споредба со Запад, цените во Северна Македонија се речиси исти.
„Јас живеам во Германија…Во споредба со Германија, ценмите се речиси исти, само што овде стандардот е различен, таму е различен, повисок”, рече еден граѓанин.
„Дојдов од печалба, од претходната власт отидов во Хрватска, син ми го немам видено 10 месеци да оди. Овде цените се катастрофа, секоја влада што ќе дојде е лага, ништо не прават за народот, народот се мачи за леб“, нагласи друг граѓанин.
Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на минималната потрошувачка кошничка за месец декември достигна 62.861 денари, што во однос на месец ноември е зголемена за 840 денари. Од друга страна, од 15 декември на сила е таканаречената мерка „Новогодишна кошничка“ каде околу 1000 производи кои се дел од кошничката се продаваат по пониски цени за околу 10 проценти./Алсат.мк
Ајнур Бафќари