ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Граѓаните со часови на автобуските постојки – Град Скопје не исплатил субвенции на дел од приватните линии

Граѓаните со часови чекаат автобуси за јавен превоз од линиите 9, 19 и 20. Автобусите сообраќаа многу ретко во текот на денот.
Граѓаните кои влегоа во автобусот туркајќи се успеаја едвај да најдат простор.
Според информациите што Алсат успеа да ги соопшти, нема автобуси од приватните линии со броевите 9, 19 и 20, затоа што Град Скопје не им исплатил субвенции на возачите на овие линии. За таа цел тие се принудени да го намалат возењето и до 40%, бидејќи немаат пари да купат гориво. Не добивме одговор на прашањето колку месеци градот Скопје не ги плаќа давачките кон приватните возачи. Молк и од Јавното сообраќајно претрпијатие додека граѓаните се оставени со часови да чекаат автобус.
Авни Тахири