
Граѓаните не се изненадени од податоците на Државната статистика за поскапувањето на храната, бидејќи подолго време живеат со овие цени. Велат дека економската криза, ниските примања и високите сметки секојдневно сè повеќе ги осиромашуваат.
„Голема криза е, крадат. На социјална помош сум, приватно работиме по малку. Со тие пари не можете да поминете месец. Кој е високо и во фотелја, тие заработуваат.“
„Ги зголемуваат цените и не може да излеземе на крај ни со плата, ни со пензија, само лажат дека ќе ги намалат цените барем за храна. Многу е скапо, тоа е тоа… Мислите ли дека ќе се среди ситуацијата? Не, воопшто, само надолу одиме, нема ништо тука.“
„Секој ден има поскапувања, народот веќе не може да си го дозволи ова, народот е без работа, младите си заминуваат од државата, нема перспектива, голема сиромаштија“, реагираат граѓаните.
Има и граѓани кои со доза на оптимизам чекаат да се подобри состојбата, но се свесни дека тоа е тешко.
„Не знам што да кажам освен дека е многу скапо, во моментов, да. Можеби се подобрува, но голем проблем е што се нема, многу е скапо и на пазар“, велат граѓаните.
Ајнур Бафќари