ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните во Кочани во текот на целиот ден протестираа

Граѓаните во Кочани во текот на целиот ден протестираа

Граѓаните во Кочани во текот на целиот ден протестираа, барајќи одговорност за трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 млади лица.

Advertisements

Револтираните граѓани протестниот марш го почнаа од Градскиот парк, а потоа продолжија пред Обвинителството и пред Основниот суд Кочани. „Бараме правда“ и „убијци“ беа повиците на граѓаните.

Протестот продолжи пред кафулето кое му припаѓало на сопственикот на веќе опожарениот ноќен клуб, а демонстраните го демолираа Тие, исто така, го превртеа автомобилот кој, според демонстрантите, е во сопственост на сопственикот на клубот „Пулс“.

Протести имаше и пред куќата на градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно во текот на денот поднесе оставка. Луѓето фрлаа камења и јајца во правец на неговиот стан./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button