ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните зимава ќе се греат со пелети и инвертер клими

Граѓаните зимава ќе се греат со пелети и инвертер клими

За оваа зима граѓаните претпочитаат да се греат на пелети и инвертер клима уреди, додека интересот за набавка на дрва е намален. Од здружението на увозници на пелети велат дека пазарот за овој материјал е нормализиран, цените се вратиле на нивото од пред две години, додека интересот е зголемен, во однос на лани.

Advertisements

„Пазарот на дрвени пелети за греење е целосно нормализиран во однос на годината пред кризата, 2022 година, во која беше вклучена цела Европа. Цените речиси се вратија на нивото од пред две години. Значи, цените се движат од 190 денари за 15 килограми до 250 денари, во зависност од квалитетот и производителот. Интересот е многу зголемен во споредба со минатата година“, рече Владимир Стојановски, претседател на Здружението на увозници на пелети.
Покрај пелетите и инвертерите, сопствениците на складишта за дрво велат дека врз намалувањето на продажбата влијаела и нелојалната конкуренција, односно дивите трговци со дрво.

Пред неколку дена шумската и граничната полиција фати синџир на дрвната мафија во Кичевско, додека државниот инспекторат за животна средина предупредува на засилени активности во иднина, нагласувајќи дека ќе се направат сите напори да се запре трговијата и дивата сеча./Алсат.мк

Ајнур Баќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button