ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓанскиот сектор: „Имало политички пазар за измените на КЗ“

Граѓанскиот сектор: „Имало политички пазар за измените на КЗ“

Донесувањето на измените на Кривичниот законик преку ноќ и без квалитетна дебата во јавноста, за експертите е сомнително. Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ вели дека Собранието уште еднаш го злоупотребило знамето на Европската унија за усвојување на законски измени без аргументи за нивната поврзаност со приближувањето кон ЕУ. Трошановски посочува и други проблеми.

Од Комисијата за спречување на корупцијата велат дека за ваквите закони кои се столбот на правосудниот систем во државата, треба да се почитуваат сите фази за вистинска јавна дебата. И Антикорупциска во овие брзи измени гледа политичко пазарење.

Донесувањето на измените на Кривичниот законик беше критикувано и од Македонското здружение на млади правници, Институтот за европска политика, Институтот за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“, Хелсиншкиот комитет и Центарот за правни анализи и истражувања. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button