Граѓанскиот сектор се повлече од изработката на новиот Кривичен законик

Претставниците на граѓанските здруженија, дел од работната група, се повлекуваат од подготовката на новиот Кривичен законик бидејќи според нив, со новиот кривичен модел се легализира незаконитоста. „Блупринт“ се повлекува и од учество во изработката на Законот за конфискација на имот.
Последните измени во Кривичниот законик ќе ги затворат досиејата во многу судски постапки за обвиненија за злоупотреба на службената должност и оштетување на државниот буџет при јавни набавки. Сè уште нема анализа колкава била штетата врз државата, но обештетувањето што обвинетите ќе го бараат значително ќе се одрази врз буџетот.
Министерството за правда смета дека е избрзан чекорот на „Блупринт“, додавајќи дека придонесот на граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето, искуството и вештините што ги поседуваат. Министерот Кренар Лога претходно изјави дека со новиот Кривичен законик ќе се вратат одредбите за злоупотреба на службената должност, односно ќе се вратат казните предвидени со стариот Кривичен законик.
Адријан Керими