ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓанското општество предупредува дека трговијата со деца и жени зема  сериозни размери

Децата и жените Роми се најранливата категорија во трговијата со луѓе. Ова беше еден од заклучоците на анализата спроведена во рамки на проектот на Ромското здружение за жени и млади „Лулуди“, финансиран од ЕУ. Координаторот на овој проект, Инес Џемаил, рече дека информациите на Националната комисија против трговија со луѓе зборуваат за 24 жртви само  последните три години.

Advertisements

. . 403 средношколци кои одговориле на истражувањето спроведено во рамките на овој проект, сметаат дека социјалните мрежи го зголемуваат ризикот што им се заканува да бидат жртви на трговија со деца и жени. ¾  одговориле дека имаат знаење што значи општ поим трговија со луѓе, но главно ова го поврзуваат со проституција. Најризични се децата без родителите, жените и децата кои живеат во сиромаштија и невработеност.“

Спроведувачите на проектот рекоа дека институциите и општеството треба да направат повеќе за да спречат трговија со луѓе и подобро да ги информираат децата и жените за опасностите од ова злосторство. Проектот беше спроведен во пет општини, додека беа вклучени 10 средни училишта. Кампањата за подигнување на свеста беше спроведена од септември 2020 година до мај 2021 година.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button