Граничниот премин Ќафасан останува затворен поради снежните врнежи

Врнежите од снег за време на викендот го отежнаа сообраќајот на патиштата во земјата. Но, властите велат дека ниту еден пат во моментов не е непрооден. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ велат дека во текот на овие три дена на улиците се фрлени над 4 илјади тони сол. Од оваа компанија велат дека патниот правец што води до граничниот премин Ќафасан, останува непрооден, но не по нивна вина.
„Патот Струга-Ќафасан од наша страна е прооден и немаме никаков проблем, но имаме информации, проблемот е на другата страна на Република Албанија. Во моментов, состојбата на патиштата на целата територија на Северна Македонија е проодна “, изјави Арбен Бислими, ЈП “Македонија пат”.
Во меѓувреме, Кризниот штаб на Град Скопје информира дека се исчистени сите улици и булевари во главниот град. И јавниот превоз функционира редовно, додека во текот на денешниот ден објавија дека ги чистат тротоари за пешаците.
Град Скопје:
„Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен од вчера и во текот на ноќта, при што над 1000 тони сол беа фрлени на булеварите и улиците на градот. Сите улици и булевари во градот беа чисти и проодни во текот на денот и немаше застој во сообраќајот “.
Но, подготвеноста не беше на потребно ниво во сите други градови, за да се избегнат опасности во сообраќајот. Во Гостивар локалниот огранок на ДУИ го обвини градоначалникот дека улиците се оставени неисчистиени, што беше негирано од општината.
Аднан Ќаили