
Гранит Џака синоќа беше номиниран за Златната топка за 2024. По тој повод фудбалерот на Баер Леверкузен стана првиот Албанец номиниран за Златната топка, а воедно и првиот Швајцарец кој постигнал такво нешто.
Поранешниот играч на Базел, Борусија Менхенгладбах и Арсенал во оваа прилика ги направи горди сите Албанци, а пред сѐ неговото семејство.
Неговиот татко, Рагип Џака, кој направил сѐ за неговите деца да стигнат до ова ниво, со емотивна објава на социјалните мрежи ја изрази својата гордост со својот син.
„Денес е посебен ден и исполнет со голема гордост за мене и нашето семејство. Мојот син Гранит е номиниран за престижната награда Златна топка. Тој е првиот Албанец и воедно единствениот швајцарски играч кој стигнал до ова ниво во светот на фудбалот и поради тоа сме исклучително среќни и возбудени“, напиша Џака сениор.
„Неговиот труд, посветеност и пожртвуваност ги остварија соништата и името на Албанците запишано во историјата. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта што му ја дававте на Гранит низ годините. Честитки за Гранит, наша гордост!“, додаде Рагип Џака.
Гранит Џака уживаше во фантастична сезона со Леверкузен, водејќи ги Фармацевтите до нивната прва и историска титула и ја завршија сезоната во Бундеслигата без пораз, додека го инспирираше Баер да стигне до финалето на Лига Европа.
Исто така, 31-годишникот е лидер во швајцарската репрезентација.