
По наредба на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш во врска со потребата грчката страна претходно да била информирана од српската за видот на товарот во авионот што се урна во близина на Кавала во сабота навечер, брифираат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција. Украинскиот карго авионот Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина. Доцна синоќа заврши акцијата за извлекување на телата кои дополнително беа пренесени во болница, каде што ќе се врши обдукција. Спасувачките екипи и понатаму се на терен во делот каде што се урна авионот и се во потрага на црните кутии.