ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Грчки државјанин приведен на „Табановце“ поради давање поткуп

Четириесет и деветгодишниот Д.К., државјанин на Република Грција вчера во 12:40 часот е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“. Полициските службеници го лишиле од слобода поради сомневање дека сторил кривично дело давање поткуп.

Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во патната исправа на возилото што го управувало ставило пари како поткуп.

„При пасошка и гранична контрола на возилото ’форд’ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка“, се вели во полицискиот извештај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button