Грејната сезона започна со топли радијатори
Грејната сезона започна со топли радијатори

И покрај пролетните температури денеска и официјално започна грејната сезона за корисниците приклучени на централното греење во Скопје. Исклучок ќе биде општина Карпош каде од 1 ноември ќе почне грејната сезона во училиштата. Од ЕСМ велат дека општината побарала одложување на почетокот на парното. Според информациите, се работи за 8 училишта на територијата на Карпош. Првиот човек на Карпош, Стевче Јакимовски, ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на училиштата, бидејќи според него локалната власт не е должна да го прави тоа. Министерката за образование Весна Јаневска рече дека тие веќе ги исплатиле блок дотациите на општините во кои се вклучени и сметките за парно на училиштата.
Покрај училиштата во Карпош, според соопштението на ЕСМ, греење ќе нема и во други 117 објекти каде се уште не се обезбедени потребните услови. Грејната сезона ќе трае до 15 април идната година, со можност за продолжување за уште 15 дена во зависност од температурите. Според Регулаторната комисија за енергетика во текот на грејната сезона снабдувачот е должен да обезбеди греење од 6 до 22 часот, но во зависност од температурите, поточно доколку се високи, греењето се прекинува за да продолжи доколку температурите паднат под 15 степени. Целзиусови. Околу 63 илјади корисници се приклучени на системот за централно греење на ЕСМ./Aлсат.мк
Мелихате Рустеми