КОШАРКАСПОРТ

Гримау го заврши својот престој на клупата на „каталонците“

Кошаркарите на Барселона останаа без тренер, откако шпанскиот стручњак Гримау го заврши својот престој на клупата на „каталонците“.

Advertisements

Гримау ја напушти екипата после 84 меча, и во сезона во која не освои ниту еден трофеј. Тој го замени Шарунас Јасикевичиус, кој ја водеше Барса, три сезони. Барселона испадна во 1/4 финалето на Евролигата од Олимпијакос, а потоа во домашното првенство доживеа „метла“ од Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот плеј-оф. Во Купот на Кралот во финалето е поразен од својот најголем ривал.

„Сакаме јавно да ја изразиме нашата благодарност до Роже Гримау за неговиот професионализам и посветеност додека седеше на клупата на Барселона. Палау Блауграна секогаш ќе биде негов дом “, се вели во краткото соопштение на каталонците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button