
На неколку локации на Халкидики, доцна синоќа избувнаа пожари, веројатно предизвикани од громови, но не претставуваат опасност, додека пак, значително е подобрена ситуацијата на грчкиот остров Евија и на Пелопонез, јавува новинската агенција МИА.
Засега активен е еден пожар во Фурка, каде што каде што интервенираат 76 пожарникари со четири пешадиски тимови, со 29 возила и по еден авион и хеликоптер. Невремето проследено со дожд во текот на ноќта помогна и им ја олесни работата на пожарникарите во северниот дел на Евија, кои од 3 август се обидуваат да го стават под контрола пожарот.