ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Грција ќе се шири во Јонското море, но Албанија немало да загуби ништо


Бројни дебати и реакции во Тирана по одлуката за проширување на грчките територијални води за 12 милји во Јонското море, иако според грчките медиуми, одлуката на премиерот Киријакос Мицотакис не влијае врз албанските територијални води, туку е едноставно симболичен и целосно политички потег. Но, опозицијата и експерти по поморско право во Тирана се противат на намерата на грчката страна, потенцирајќи дека во овој случај Албанија би загубила околу 350 квадратни километри море. „Грција, како и секоја друга држава потписничка на Договорот за поморско право во 1982 година, каде што тоа го дозволува географијата и не се повредени суверените права на друга држава, ужива право да ги прошири своите територијални води, според одредбите на меѓународниот договор“, објавија медиумите повикувајќи се на изјава на Министерството за надворешни работи во Тирана во врска со одлуката на грчката влада да ја прошири својата крајбрежна област на запад од 6 на 12 милји. Во изјавата на албанското министерство се истакнува дека Албанија и Грција, како соседни земји кои делат поморски области се обврзуваат да постигнат нов договор, во духот на меѓусебно разбирање и придобивки, засновани врз принципите и регулативите на законот за море, меѓународното искуство и почитувањето на одлуката на албанскиот Уставен суд. Тој, како што е познато, го поништи претходниот договор меѓу двете влади во 2009 година. Но, премиерот Еди Рама на социјалните мрежи напиша дека од ваквата одлука на Грција, Албанија нема да загуби ништо, а реакциите вели дека ги поттикнуваат опозицијата и Сали Бериша.

Во меѓувреме, некои експерти велат дека зад намерата на Грција всушност лежи стрела пуштена кон Турција, односно на сличен начин Атина да си ги прошири своите води во насока на турската територија, што може дополнително да ги зголеми тензиите меѓу двете земји. Заменик-државниот секретар на Белата куќа Џуд Деп потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп телефонски зборувал со Реџеп Таип Ердоган и побарал преку дијалог да се реши спорот со Грција.

Грција се спротивстави на тековните енергетски истражувања на Турција во Источниот Медитеран, обидувајќи се да ја нападне турската поморска територија заснована на мали острови надвор од турскиот брег. Турција, земја со најдолго крајбрежје на Средоземното Море, испрати бродови за дупчење, односно на истражување на природен гас во својот континентален гребен, потенцирајќи дека Турција и турската Република Северен на Кипар имаат права во регионот.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button