РЕГИОН

Грција – Уапсена мајка која им давала на децата бонбони со канабис

Полицијата во Ираклион, Грција, уапси 29-годишна жена за која се сомнева дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, желе бомбони со канабис.

Advertisements

По консумирањето на дрогата, децата се чувствувале лошо и биле однесени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле примени на детското одделение, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивното здравје е добро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button