ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Груби ги следи чекорите на азилантот Груевски

„Ова не треба да се дозволи, ова дефинитивно треба да се спречи бидејќи лицето кое го бара и чува полицијата не може магично да исчезне“, вака изјави Артан Груби за бегството на Никола Груевски во Унгарија во ноември 2018 година, а иронично, шест години подоцна и самиот го следи примерот на азилантот во Будимпешта. Груби дури вети дека државата ќе се обврзе да го врати бегалецот Груевски. За неговото бегство нагласи дека одговорност имала и тогашната политика.

Advertisements

„Ценам дека нашите институции, особено Министерството за правда и Владата ќе дадат се од себе преку институциите на Брисел и преку директни контакти со унгарските власти да го вратат Груевски во Македонија за да докажеме дека во нашата земја има промена на менталитетот и кај нас нема никој над законот, туку сите одговараат исто“, велеше Груби.

Оваа изјава на Груби одговара на изреката: „Слушај ме што велам, не гледај ме што правам“. Додека до вчера беше желен за правда, Груби денеска и официјално се најде на листата на лица во бегство. Тој претходно побара сите функционери кои се огрешиле, да се изведат пред лицето на правдата. Тој како рефрен го повторуваше познатото барање на ДУИ за ветинг.

„Бараме прво ветинг на политичарите, од Ахмети до последниот член на ДУИ. Ние сме единствената партија која одобрила одлука во Претседателството и Генералниот совет да се испита секој член од 2002 до 2023 година, веќе 2024 година“, велеше Груби.

„Велите дека има криминал, има сомнеж, доставете го. Поднесете кривична пријава, за кое било кривично дело што се сомневате…,Пријавете го криминалот за да не завршите зад решетки, рече Груби, како што завршија поранешните најблиски соработници на Груевски по неговото бегство.

„Со неговото бегство зеде на врат цела партија и неговите најблиски поранешни соработници кои до вчера беа на слобода, а од денеска се зад решетки“, велеше Груби.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button