Груби и натаму во бегство – фотографијата од него била пред да избега

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и понатаму е недостапен за органите. Неговата најавена приватна посета од 15 декември се претвори во бегство и засега нема никаква трага. Обвинителството не дава информации дали е лоцирана локацијата на Груби. Алсат дознава дека Груби е во Албанија и за него се грижи познат албански бизнисмен. Го прашавме премиерот Мицкоски дали побарале помош од соседната држава.
Пред два дена на социјалната мрежа Фејсбук беа објавени неколку фотографии од приватна забава во Струга во која дел беше и бегалецот Артан Груби. Сепак, Алсат дознава дека забавата била одржана на 14 декември, неколку дена откако Груби бил ставен на црната листа на САД, поточно еден ден пред да избега. Груби дента кога избега, напиша на Фејсбук да не го клеветат затоа што ќе се врати веднаш штом ќе ги заврши обврските.
Зекирија Хаџиу