Груби: На Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба Али Ахмети

Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби, денеска пред медиумите ги коментираше последните случувања во ДУИ, откако неговото име многупати беше споменувано од „огнената група“, како и во синоќешното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат, од страна на Изет Меџити, кој зборуваше за функцијата на Груби во оваа партија, пишува Алсат.
Груби денеска изјави дека ДУИ е силна, притоа потенцирајќи дека на Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба Али Ахмети, не коментирајќи ги обвинувањата против него.
„Сите знаат дека ДУИ е посилна од било кога и поквалитетно застапена од кога било во државните институции. Во овие околности во кои се наоѓаме, на Али Ахмети не му треба ДУИ, туку на ДУИ му треба Али Ахмети. На Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба Али Ахмети“, изјави пред медиумите Артан Груби.