СВЕТ

Група републикански сенатори ќе ја оспоруваат победата на Бајден

Група сегашни републикански сенатори и избрани сенатори, предводени од Тед Круз од Тексас, велат дека ќе ја оспорат победата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кога резултатите од Изборниот колеџ ќе бидат изнесени во Конгресот, за некој ден.

Овој потег нема скоро никакви шанси да го спречи Бајден да ја преземе функцијата на 20 јануари. Потегот на групата републикански сенатори беше нападнат од демократските сенатори и од неколку републикански сенатори како обид да се наруши волјата на електоратот.

Портпаролот на Бајден овој потег го нарече „трик“ основан врз „неосновани тврдења“ за изборна измама, додека шефот на кабинетот на потпретседателот Мајк Пенс рече дека членовите на Конгресот имаат право да „покренат приговори и да доставуваат докази“.

Претседателот Доналд Трамп одби да му признае на Бајден дека победил на изборите и повтори дека изборите биле наместени. Трамп вети дека ќе продолжи да се бори против резултатите на изборите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button