СПОРТФУДБАЛ

Гудмонсон стигнува во Фиорентина и го праќа Нико Гонзалес во Јувентус

Фиорентина во текот на денот ќе го официјализира најскапиот трансфер во клупската историја. Откако ќе ги мине лекарските прегледи петгодишен договор со Фиорентина ќе потпише Алберт Гудмунсон. Фиорентина оваа сезона ќе го позајми Гудмунсон од Џенова за 8.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе мора да го откупи неговиот договор за 17.000.000 евра.

Advertisements

Исланѓанецот годишно во Фиренца ќе заработува 2.200.000 евра. Трансферот на Гудмунсон ќе предизвика домино ефект. Џенова на позајмица за 2.000.000 евра од Сасуоло го донесе Андреа Пинамонти. „Грифоните“ ќе можат да го откупат неговиот договор за 14.000.000 евра.

Аргентинецот Нико Гонзалес сега ќе може да го реализира трансферот од Фиорентина во Јувентус што значи дека клубот ќе го напушти Федерико Киеза. Крилниот напаѓач на крајот ќе зарши во Миланo, прашање е само дали во Милан или Интер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button