СПОРТФУДБАЛ

Гунок со еден од најдобрите одбрани во историјата на Европските Првенства

Турскиот голман Мерт Гунок е скриениот јунак на Турција за пласман во 1/8 финалето. Иако Мерих Демирал постигна два гола, сепак, Гунок се покажа како херој во финишот, откако во 95 минута му одбрани повеќе од зицер на Баумгартнер.

Advertisements

Австриецот со глава од 4-5 метри веќе го совлада Гунок, но овој со чудна одбрана успеа да избие во корнер, што на крајот ќе се покаже како клучна, затоа што Австрија ќе израмнеше. Оваа одбрана на Гунок е една од најдобрите не само на ова, туку на сите Европски првенства досега.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button