ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Гурбетџиите летово доаѓаат со попразни џебови

Гурбетџиите летово доаѓаат со попразни џебови

Доаѓањето на иселениците не е како другите години. Во првата недела од јули пристигнаа оние кои планираа празникот Бајрам да го поминат со своите семејства. Но, годинава велат дека ќе штедат повеќе. За скапи одмори и бакшиш на свадби, иселениците велат дека ќе бидат поскржави. Оние кои ги пречекавме велат дека кризата се одразила и на нивните заштеди.

Advertisements

“Повеќе од 10 автобуси се наредени на преминот Табановце, како што се гледа. Иселениците избраа да се вратат со автобуси и да заштедат малку бидејќи во оваа криза не се претпочитаат автомобили”, – Аднан Ќаили, новинар.

Богами тешко е, не е веќе како порано. Инфлацијата нè отепа, само за преживување. Нема повеќе профит како што беше порано. Поскапеа основните работи, со сè што поскапува, логично паѓа вредноста на парите, рече еден граѓанин.

Секаде се забележува. Во споредба со платите овде и таму, исто криза е, но посилните држави се покриваат некако, изјави еден граѓанин.

Тука е полошо, другите години по 500 евра месечно им праќав за живот, сега не вредат. Истото е и таму. На пример маслото е 3,8 евра како кај нас, но кризата не се чувствува, таму платите се други, рече еден друг граѓанин.

Иако има намалување на дознаките, финансиските експерти велат дека иселениците и понатаму се меѓу главните извори на приходи, дури 1/4 од БДП на државава.

„Ќе дојдат, но нема да ја имаме таа потрошувачка бидејќи има и заострување и намалување на инвестициите во капиталните инвестиции што нашите сонародници ги прават во изградбата на куќи. Тоа ќе се одрази и на ниво на држава и на региони. Особено бизнис заедницата отворено ја истакнува загриженоста и од иселениците чекаат поголем проток на потрошувачка, но прогнозите се дека трошењето нема да биде на ниво на претходните години“, изјави Изет Зеќири, професор.

Од годишните извештаи на Народна банка се гледа дека годинава е намалено испраќањето дознаки во првите три месеци од годинава. Во тој период од странство биле испратени 76 милиони евра, што сепака е повеќе отколку во пандемијата./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button