
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска, по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, порача дека мора да се работи на прекин на конфликтот во таа земја и повика на праведен и траен мир.
„Не смееме да штедиме напор за да ставиме крај на овој конфликт и да постигнеме праведен и траен мир во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание“, рече тој пред Советот за човекови права на ОН во Женева.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за неутрална нацрт-резолуција за Украина предложена од САД, соопштија за РИА Новости од постојаната мисија на Кина, која претседава со Советот за безбедност во февруари.