ВЕСТИСВЕТ

Гувернерот на Калифорнија бара истрага за слабата дистрибуција на вода за време на пожарите

Големите пожари кои го зафатија Лос Анџелес веќе четири дена, однесоа најмалку 11 животи. Ветарот кој ја помага огнената стихија почна да слабее, а секојдневно се слушаат критики и обвинувања за тоа кој е одговорен и дал службите соодветно се справиле со пожарите.

Advertisements

Воведен е и полициски час од 18ч. попладне до 6 наутро поради грабежите кои се случија на погодените објекти.

Гуверенерот на Калифорнија, Гевин Њусом побара сеопфатна независна истрага за службите кои дистрибуираат вода. Според Њусом, вознемирувачка е помислата дека хидрантите кои снабдуваат вода имале многу слаб притисок на почетокот од катастрофата, што воопшто не беше од помош додека пожарите се ширеа.

Освен 11 жртви, уништени се 10 000 тврди објекти и 14 000 хектари земјиште.

Во моментов активни се пет пожари, а најголемиот е на подрачјето на Малибу и Пацифик Палисејдс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button