ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гужва на „Богородица“ и „Табановце“, стартува летниот времен режим на сообраќај за камиони

На граничниот премин „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, а времето на чекање е околу 30 минути, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, додаваат оттаму, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на останатите државни патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини, соопштија од АМСМ.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button