СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола и Ман. Сити, без двајца одбранбени играчи против Реал

Реал Мадрид и Манчестер Сити во вторник од 21:00 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Шампионите. Тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола не може да биде задоволен од кадровската ситуација.

Advertisements

Англискиот клуб не пристигна комплетен во Мадрид, а на тимот ќе му недостасуваат многу важни играчи, особено во дефанзивниот дел од играта.

„Стигнавме без Вокер и Аке. И двајцата се надвор од терените поради повреда, но мораме да се адаптираме и да играме со играчите што ги имаме на располагање. Дефинитивно и двајцата би ни помогнале, особено Кајл, кој мислам дека е идеален кога е во прашање чувањето на Винисиус, но таква е ситуацијата и мораме да ја прифатиме.

Јошко Гвардиол сè уште е под знак прашалник. Тој пристигна со нас, но сè уште не знаеме дали ќе може да игра“, изјави Гвардиола.

Возвратниот дуел се игра на 16 април на „Итихад“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button