СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола: Му честитам на Реал за пласманот во полуфиналето, но ние бевме подобри

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим пропуштил голем број шанси на натпреварот против Реал и истакна дека англискиот фудбалски клуб незаслужено е елиминиран од Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерите на Реал синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, бидејќи во реваншот од четвртфиналето на гостински терен по подобро изведување пенали го победија Манчестер Сити со вкупни 5:4. По регуларниот дел од натпреварот и продолженијата, резултатот беше израмнет 1:1. На првиот натпревар одигран минатата недела во Мадрид беше нерешено, 3:3.

“Му честитам на Реал за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, но бевме подобри. Не жалиме за ништо. Одигравме одлично на сите области на теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси, но Во фудбалот гледате само голови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button