
Џек Грилиш, кој веќе неколку месеци е деградиран на клупско ниво, не е на списокот избрани од Манчестер Сити за Светското клупско првенство во САД (14 јуни – 13 јули).
Тренерот Пеп Гвардиола го деградираше од стартната позиција во сезоната која штотуку заврши и се чини дека повеќе не смета на него.
Отсуството на англискиот напаѓач од тимот, сугерира дека Манчестер Сити сака да го продаде ова лето или, доколку тоа не успее, да го испрати на позајмица во друг клуб.
Од друга страна, неодамнешните засилувања Рајан Аит-Нури, Тијани Рајндерс и Рајан Черки се најдоа на списокот за турнирот во САД. Таков е случајот и со Родри, добитникот на Златната топка од 2024 година, кој се врати во натпреварувањето на крајот од сезоната по осум месеци пауза поради повреда.