СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола сепак се премисли, ќе остане во Ман. Сити?

Договорот меѓу Манчестер Сити и Пеп Гвардиола важи до крајот на оваа сезона, постојано се шпекулираше дека шпанецот е подготвен да си замине, но последните информации во британските медиуми најавуваат дека не е исклучено соработката да продолжи.

Advertisements

“Телеграф” тврди дека двете страни се блиску до нов, едногодишен договор кој би важел до јуни 2026, а со што Гвардиола би комплетирал цела деценија на клупата на Сити.

Во меѓувреме, за него постои интерес и од Фудбалската Aсоцијација на Англија да стане нов селектор на оваа земја, но тој категорично отфрла таква можност.

Гвардиола го презеде Ман. Сити во 2016 година и стана најуспешен тренер во историјата на клубот со кој освои вкупно 19 трофеи за осум години од кои шест во Премиер Лигата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button